Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКиднапирани се двајца турски војници од страна на бунтовници од ПКК

Киднапирани се двајца турски војници од страна на бунтовници од ПКК

Во момент на засилени судири меѓу курдските бунтовници и турските сили за безбедност, бунтовници на ПКК киднапирале двајца турски војници во источна Турција. Генералниот штаб на турската армија соопштува дека војниците се киднапирани синоќа откако запреле патнички автобус на магистрала меѓу округот Тунџели и округот Ерзинџан во источна Турција.
За војниците кои во моментот на киднапирањето не биле на служба е преземена операција за нивно спасување.