Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКиднапиран Хрват во Египет, Пусиќ заминува за Каиро

Киднапиран Хрват во Египет, Пусиќ заминува за Каиро

По заканите од страна на Исламската држава дека ќе го обезглави Томислав Салопек ако египетската влада не ги ослободат уапсените муслиманки, хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ итно заминува во Каиро.

Салопек беше киднапиран на 22 јули во Каиро. На видео-снимка објавена вчера на интернет се гледа маж кој клечи во пустина, а зад него има маж со качулка на глава и облечен во маскирна униформа, држи нож, а до него се вее знамето на ИД. Хрватот облечен во портокалова облека, како и сите заробеници на ИД, чита порака на англиски јазик во која се претставува себеси и вели дека групата Синајска провинција, египетски огранок на ИД е таа која го киднапирала.