Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКичевчанец пронајден мртов покрај пат со прострелна рана во главата

Кичевчанец пронајден мртов покрај пат со прострелна рана во главата

Синоќа, околу 20:15 часот, полициски службеници до паркирано возило на магистралниот пат Гостивар – Кичево, го нашле починат 63-годишниот М.З. од кичевското село Трпчин Дол.

Како што информираат од полицијата, кичевецот имал прострелна рана на главата, нанесена од огнено оружје, а покрај неговото тело бил пронајден и пиштол.

Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.