Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКежаровски: Поминаа четири години по голготата, а Врховниот суд молчи

Кежаровски: Поминаа четири години по голготата, а Врховниот суд молчи

На денешен ден, пред четири години, полицијата упадна во домот на новинарот Томислав Кежаровски и го уапси за оддавање на идентитет на заштитен сведок во текст напишан во 2008 година.

„Цел вод припадници на специјалната полиција вооружени со автоматски пушки, со пиштоли и бомби, како најозлогласен криминалец со лисици на рацете ме извадија од дома. Никому не му беше гајле дека сето тоа се прави пред сопругата и малолетната ќерка. Со полна уста во затворот ми велеа дека ќе ме скршат и ќе ме уништат. Многу се трудеа, ама за жал не успеаја. Не јас немам право да заборавам што ми се случи. Немам право заради себе, заради сопругата и ќерката и заради оние луѓе кои ги изгубивме како последица од вандализмот на Фамилијата“ – напиша Кежаровски на својот „Фејсбук“ профил.

2

По процедурата која во земјава се води за неговиот случај, Кежаровски ќе се обрати и до судот во Стразбур – изјавил тој за новинската агенција Мета.

„Врховен суд не го става мојот случај на дневен ред веќе четврта година. Откако сето тоа ќе заврши кај нас, тогаш може да подигнам преиспитување на правото во судот за човекови права во Стразбур. Јас следната недела ќе побарам да направам увид во предметот и да видам зошто тој не се става на дневен ред“ – најави Кежаровски.

Кежаровски беше осуден на четири ипол години затворска казна поради откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот „Ореше“ – судски процес за убиство на велешанецот Лазо Милошевски, а апелациониот суд Скопје му ја намали казната на две години затвор.

Кежаровски помина во притвор една година и девет месеци, а за негово ослободување, но и на преиспитување на пресудата повикаа повеќе домашни и странски невладини организации, како и ОБСЕ.