HomeАНТИСТРЕСШтосноКевин Скот е човекот со најчуден брзински мото рекорд

Кевин Скот е човекот со најчуден брзински мото рекорд

kevin-scott-1

Дали сте слушнале за Кевин Скот – човекот со најчуден брзински мото рекорд. Ако не сте слушнале, тогаш да ви го претставиме највозбудливиот рекорд направен со мотоцикл, а воедно и необичен рекорд. Всушност тука не се работи за рекорд во брзина или прецизност, туку самиот мотоцикл е тоа што го прави овој рекорд толку необичен.

Кевин Скот овој Гинисов рекорд го постави минатата година, но толку многу го вози моторот што долго време не можеше да се направи интервју со него. Првото прашање што на секого ќе му падне на памет сигурно е како Кевин Скот излезе со ваква идеја за мотоцикл? Но за ваква идеја ти треба многу креативна личност, а Кевин Скот е токму таков.
kevin-scott-2
Овој мотоцикл има само едно тркало и тоа всушност е она што го прави толку интересен. Има дијаметар од 1,5 метри, а на тимот му беа потребни седум месеци за да го изгради и уште една година за да се потврди дека ги исполнува стандардите за мотоцикли на Гинисовата книга на рекорди. Тоа се вика вистинско посветување на работата, зарем не?

Всушност, вистинскиот збор за овој мотоцикл е „уницикл” бидејќи има само едно тркало, а креаторите му дадоа име „WarHorse” (воен коњ). Момците кои стојат зад овој проект не сакаа многу да работат на дизајнот. Како што кажува и Кевин Скот, тие едноставно само сакаа да направат нешто интересно и невообичаено за забава, а токму тоа и го постигнаа бидејќи возењето на овој уницикл е многу позабавно отколку што можете да си замислите.

Чувството кое што го доживувате е многу поблиску до летање отколку возење на мотор и прави да се чувствувате како да сте горе во воздухот во еден момент. Последниот рекорд со уницикл беше поставен многу одамна и изнесуваше 91 км/ч, но Кевин Скот и неговиот тим го срушија тој рекорд и воспоставија нов брзински рекорд од 99 км/ч, влегувајќи во Гинисовата книга на рекорди.
kevin-scott-3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com