Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКерфур „избега“, многу долгови и сомнителни трансакции

Керфур „избега“, многу долгови и сомнителни трансакции

Хипер маркетот Керфур тотално пропадна и повеќе не е присутен во Скопје сити мол. Уште пред десетина дена известувавме дека рафтовите на маркетот се речиси испразнети и дека нема купувачи. Голем број на фирми и банки се жалат и дека компанијата на Леонидас Маринопулос од Грција која ја има балканската франшиза им останала должна со десетина милиони евра, а веќе се покренати и хипотеките.

karfur 2Дел од трговските субјекти се сомеваат и на неправилни финансиски трансакции бидејќи хипермаркетот сигурно не пропаднал поради слаб промет. Сега останува државните институции да спроведат истрага за овие сомнежи и да се утврди вистинската причина за затворањето на Керфур во Македонија.