Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКелн донесе замена за Модесте

Келн донесе замена за Модесте

Бундеслигашкиот тим, Келн и официјално објави дека го донесе во своите редови колумбискиот напаѓач, Џон Кордоба.

24-годишниот напаѓач пристигна во редовите на Келн како замена за Антонио Модесте, кој во претходната сезона беше трет најдобар стрелец во Бундеслигата, кој замина за 35 милиона во кинески Тијанџин. Кордоба дојде од екипата на Мајнц за трансфер во вредност од 17 милиони евра. Договорот е потпишан до 30 јуни 2021 година.

“Преселбата во Келн е чекор напред во мојата кариера по две одлични сезони во Мајнц. Луѓето во Келн беа упорни да ме ангажираат и јас ќе имам можност да играм со нив во Лигата на Европа. Не можам да дочекам да играм за мојот нов клуб “, изјави колумбискиот напаѓач.