Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЌе стане ли Дојран, туристички бисер на југоистокот од Македонија?!

Ќе стане ли Дојран, туристички бисер на југоистокот од Македонија?!

Во најмалото природно езеро кај нас, Дојранското, започнаа градежни работи со кои сериозно ќе се урбанизира ликот на Општина Дојран, и ќе се уреди хортикултурно  брегот на езерото. Веќе на терен, работат градежните механизации во паркот, покрај општинската зграда, кој ќе добие целосно нов лик. Исто така, се вршат реконструирачки  работи и на летната сцена, на амфитеатарот, во еден поширок проект, именуван како „Дојран, туристички бисер во Југоисточна Македонија“. Целиот овој проект и реконструирачки зафати ќе чинат околу 650.000 евра, пари обезбедени од Европската унија и од централните власти, преку проектот за локална и регионална конкурентност.

 

Како никогаш до сега, оваа сезона  „вриеше“ гости во Дојран, благодарение на затворените граници, односно неможноста македонските граѓани да летуваат во нашиот јужен сосед  Грција, како најпочитувана дестинација за Македонците. Охрид и Преспа, исто така беа преполни, но за граѓаните од југоистокот на земјава, Дојран е најприфатлив, поради близината, но и поради пониските цени за лежелка и пијачка на плажа, ресторантски цени, хотелско  и приватно сместување .