Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текЌе си праќаме пари и преку Facebook Messenger

Ќе си праќаме пари и преку Facebook Messenger

Марк Цукерберг пред само два месеци најави револуција на апликацијата Facebook Messenger со милион додатоци и со неверојатно темпо се обезбедени сите новитети. Најновиот е можноста за испраќање на пари преку порака, со тоа што треба да се регистрираат банковните картички и да се верификува процесот на пренос.

Испраќањето на пари преку Facebook Messenger за почеток ќе биде достапно за корисниците во САД, а постепено ќе пристигнува и во останаттие земји со развиен банкарски систем и доверливост при преносот на пари. За да испратите пари треба да ја наведете сумата и да го ставите знакот на доларот. Со преносот на пари за Facebook Messenger се отвараат и огромни можности за е-трговија.