Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЌе се воведува зелено трепкаво светко на скопските семафори

Ќе се воведува зелено трепкаво светко на скопските семафори

На крстосниците на подрачјето на Град Скопје се воведува зелено трепкаво светло кое ќе служи за претупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

Согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје. На терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.