Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе се унифицираат дуќаните во Старата скопска чаршија од 1-ви октомври

Ќе се унифицираат дуќаните во Старата скопска чаршија од 1-ви октомври

Од следниот месец започнува унифицирањето на излозите од 60-тина дуќани во Старата скопска чаршија, најави Беким Незири, министерот за економија, по остварените средби со здруженијата на занаетчиите и пазарџиите.


„Министерството  за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирањето на излозите во Старата скопска чаршија. Апликациите се уште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура“, рече министерот Незири.