Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЌе се суди за воени злосторства на Косово од 15 септември

Ќе се суди за воени злосторства на Косово од 15 септември

Предлог законот за воведување на Специјален суд за воени злосторства на Косово пројде во парламентот и претседателката Артифете Јахјага ја дозволи понатамошата постапка на негово стапување на сила од 15 септември со објава во службениот весник. Единствена пречка со која поранешните припадници на ОВК нема да бидат судени за воени злосторства во матичната земја е ако се спротистави Уставниот суд, бидејќи опозицијата покрена претставка за неуставност на законот.