Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се „раскрсти“ ли со верскиот соживот во Бутел?

Ќе се „раскрсти“ ли со верскиот соживот во Бутел?

Поставувањето на 55 метарски крст во општина Бутел како што и предвидовме ќе биде сфатено како провокација и контра политички одговор на поставувањето на споменикот на Двоглав рел во Чаир. Овој дел од Скопје иако живее мирно има кревки меѓуетнички односи и сите вакви потези се доживуваат како национален или верски натпревар. Поставувањето на крстот во Бутел ќе биде проследено од огромно полициско обезбедување бидејќи се очекуваат и контра собир како знак на револт.
policija-11-Силни реакции на осуда пристигнуваат од многу албански политичари и јавни личности кои сметаат дека сега не е време за подигнување на тензиите, па ова оди во прилог на бегање од реалноста и замрсената политичка криза. Остри критики упати и Исламската верска заедница, која смета дека ова е политички одговор од страна на власта која сака да собере евтини поени пред изборите.

Инаку како иницијатор на поставувањето на крстот е Светскиот македонски конгрес кој претходно имаше сличен потфат и во општина Аеродром и одговорија дека сите обвинувања за нелегална постапка се неточни бидејќи ја поседуваат комплетната документација.