Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе се привлекуваат виртуелни мобилни оператори

Ќе се привлекуваат виртуелни мобилни оператори

Спојувањето на Вип и Оне може да ја наруши пазарната структура во мобилната сфера во Македонија, па затоа потребно е да проработат нови виртуелни мобилни оператори за поголем степен на конкуренција и разновидност во услугите. Токму затоа Агенцијата за електронски комуникации ќе изработи нови правилници со кои ќе им се овозможи на заинтересираните оператори да пристапат до македонските корисници.

Иво Ивановски министерот за информатичко оптешство токму денес говореше на оваа тема одговорајќи на новинарски прашања поврзани со спојувањето на Вип и Оне. Според него ваквиот потег може да донесе бенефити со одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата која им наложи на Оне и Вип да доведат виртуелен оператор кој ќе ја користи постоечката мобилна мрежа, а сличен потег ќе се бара и од Т-Мобиле, со што на крај всушност ќе добиеме вкупно четири оператори.

project-fi-google

Во Европа и САД ваквиот развој на мобилната телефонија е се поизразен и има голем број на нови виртуелни оператори, од кои последен е Google со свој амбициозен сервис за Wi-Fi мобилни услуги, СМС и интернет.