Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе се делат социјални станови – Еве кој може да се пријави

Ќе се делат социјални станови – Еве кој може да се пријави

Министерството за транспорт и врски го објави повикот за распределба на вкупно 101 социјални станови во Прилеп и Демир Хисар, а право на пријавување имаат лицата од социјално ранливите категории кои ќе плаќаат пониски цени од пазарните.

misajlovski_1

„Социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронски систем согласно методологија за бодирање на кандидати за добивање социјален стан под закуп“, изјави Владо Мисајловски, министерот за транспорт и врски.

Предност ќе имаат станбено необезбедени лица, деца без родители и родителска грижа, лица над 18 години кои до 18-тата година биле згрижени во институции или други облици за згрижување на деца без родители. Повикани да аплицираат се и корисници на социјална и постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни живеалишта, инвалидни лица и лица на кои им е потребна грижа од друго лица и семејство во инвалидизирано лице, припадници на социјално загрозена ромска заедница, како и самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална помош.