Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се чистат сите „фантомски“ гласачи од избирачкиот список

Ќе се чистат сите „фантомски“ гласачи од избирачкиот список

Државната изборна комисија најави дека ќе започне процесот на пречистување на избирачкиот список по веќе договорената методологија со споредба на податоците и вкрстена проверка од десет различни институции кои имаат свои бази за да се добие поголема релевантност и гаранција дека било какви фантомски гласачи нема да го нарушат изборниот процес и еднаквоста на гласот.
izbori glasanjeГраѓаните потоа ќе можат да проверат на интернет страната на ДИК дали ги има на списокот, а ќе се врши и теренска проверка која меѓу партиите е и најпроблематична бидејќи може да одзеде повеќе време и да го одложи датумот 24 април кој беше првично прифатен, но сега е веќе тешко достижен.