Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе има ли вицепремиер по „мерак“ на бизнис заедницата?

Ќе има ли вицепремиер по „мерак“ на бизнис заедницата?

Бизнис заедницата бара новата Влада да ја подобри деловната клима, но и носење на нови, подобри закони кои ќе помогнат бизнисот полесно да се одвива. Од Стопанската комора на Македонија очекуваат да имаат добра соработка со владата која во наредниот период треба да се формира.

„Веруваме дека и со новата Влада ќе имаме успешен дијалог во насока на разрешување на сите прашања кои се значајни за бизнис заедница“, рече Елена Шурбеска – Стопанска комора на Македонија.

Од најголемата комора велат дека најверојатно новата власт ќе мора да интервенира во образовниот систем со што би се произведувале повеќе стручни кадри, со што ќе се намали недостатокот од квалификувана работна сила.

„Владата да направи соодветна инфраструктура каде ќе може да функционира пазарот на трудот. Мислам дека тоа е и во нивен интерес за да се намали бројот на невработени. А нормално, бизнис заедницата има голем интерес да има квалификуван работен кадар“, изјави Штефан Петер – претседател на Совет на странски инвеститори.

Петер вели дека странските инвеститири кои работат во земјава имаат потреба од речиси сите профили на образовен кадар. Им порача на младите да имаат потреба од работа, а не потреба од плата, односно платата да не им биде на прво место, туку да прифаќаат работни места за да стекнат знаење, вешини и квалитет и како ќе напредуваат, така ќе им растат и платите.

Извор: alsatm.mk