Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЌе им се помогне ли на земјоделците за кризата со пласманот

Ќе им се помогне ли на земјоделците за кризата со пласманот

Министерството за земјоделство денес ќе презентира повеќе мерки со кои треба да им се помогне на земјоделците да ги надминат проблемите со пласманот, особено на производителите на градинарски производи.

Tomatoes

Министерот Михаил Цветков вчера беше во посета на штипскиот регион и посочи дека еден од начините за надминување на проблемот со пласманот на доматите е да се склучат договори за извоз во Русија, каде сега има можност за соработка поради ембаргото на храна воведено за западните земји.

zemjodelstvo1

Од Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска помош на земјоделството најавуваат помош со неколку технички и економски мерки кои се носат за да им се помогне на погодените земјоделци од лошата сезона, преку субвенции и откуп, односно активирање на домашната конзервна индустрија.