Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЌе го гледаме Вардар во ЛШ за 100 денари

Ќе го гледаме Вардар во ЛШ за 100 денари

ФК Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за мечот во Скопје во првото излегување на европска сцена оваа сезона против екипата на Апоел кој ќе се одигра на 21 јули со почеток во 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, а сите заинтересирани фанови ќе може да ги купат по популарна цена од само 100 денари.

Реванш натпреварот од втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и АПОЕЛ ќе се одигра на 21 јули со почеток во 20 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Првиот натпревар е на програмата на 14 јули во Никозија во 19 часот по македонско време. 

Во продажба ќе бидат пуштени 20.000 билети за северната, јужната и западната трибина на нашиот најголем стадион. Источната трибина на „Филип Втори“ е резервирана за навивачите на гостинската екипа од Кипар.