Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКазни за француските супермаркети кои нема да ја донираат непродадената храна

Казни за француските супермаркети кои нема да ја донираат непродадената храна

Непродадената хрна од француските супермаркети не смее да се фрла. Продавницните сега со закон се обврзани, она што ќе им остане непродадено да го донираат во добротворни огранизации и банки за храна. Овој закон беше изгласан едногласно од страна на францускиот сенат во средата.

Тој ќе важи за сите супермаркети со димензии над 400 метри квадратни, а ако компаниите не го почитуваат овој закон, ним им се заканува парична казна од 3 750 евра.

“Што е најважно, со тоа што супермаркети ќе бидат обврзани да потпишат договор за донација со добротворни организации ќе се зголеми квалитетот и разновидноста на храната што ја добиваме и дистрибураме“ – вели Џејкос Баилет од мрежата на Банки за храна. Според него ова е многу важна мерка, со која банките за храна ќе обезбедат квалитетни производи за илјадниците луѓе.