Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКазни за босанските портали кои пропагираат радикализам

Казни за босанските портали кои пропагираат радикализам

Во Босна и Херцеговина ќе се казнуваат порталите кои повикуваат на радикализам. Властите во оваа држава, во рамки на борбата против тероризмот ќе преземаат санкции кон интернет порталите кои пропагираат радикализам и користат јазик на омраза, објави весникот „Независне новине“.

Ваквата мерка е утврдена со антитреристичката стратегија усвоена од страна на Советот на минстири на БиХ и со неа се предвидува мониторинг на интернет страни кои поттикнуваат тероризам и радикализам во следните две години. Со стретегијата се превидени и санкции за провајдерите на интерент страните и порталите за кои ќе биде оценето дека пропагираат радикализам, кои дури би можеле да вклучат и одземање на лиценците за работа.

Босанскиот заменик-министер за безбедност Вјекослав Виковиќ изјави во тек се разговори за начините за импелемтација на овој сегмет од стртегијата, додавајќи дека во БиХ постојат портали кои би се нашле на удар на оваа мерка.

– Ако го отвроите „Патот на Хилафетот“, на пример, ќе видите агитација на вакви активности, изјави Вуковиќ, додавајќи дека овој сајт е само еден од неколкуте во БиХ за кои постои сомнеж дека се поврзани со џихадистичката група Исламска држава и кои отворено порпагираат дека муслиманите треба да заминат во џихад.

Вуковиќ како пример ја посочи и интернет страната „Вести на Уметот“, која, како што рече, го оправдувала убиството на Хрватот, Томислав Салопек од страна на џихадисите во Египет во август годинава.