Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица ќе мора да објасни зошто избркала две обвинителки

Катица ќе мора да објасни зошто избркала две обвинителки

Катица Јанева пред Советот на јавни обвинители ќе мора да даде образложение зошто на две назначени специјални обвинителки за кои толку долго се бореше да ги добие и да го формира првично замислениот тим од 14 члена, им дала неочекуван отказ. Првично Јанева преку соопштение на СЈО пренесе дека имале доволен број на луѓе и дека немало потреба од услугите на обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска кои сега се „ни на небо ни на земја“ со нивниот работен статус.