HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица Јанева ќе добие четворица стручни соработници

Катица Јанева ќе добие четворица стручни соработници

СЈО ќе добие четворица стручни соработници. Специјалното бвинителство испратило барање до јавното обвинителство за преземање на четворица стручни соработници за тимот на Катица Јанева. Од обвинителството на Марко Зврлевски потврдуваат дека дале согласност на ваквото барање.

Станува збор за првите четворица соработници што ги побарала Катица Јанева, од вкупно 30-ина кои беа во план да станат дел од тимот на Специјалното обвинителство. Досега беа одобрени вработувања само на обвинителите и истражителите. Собранието пред Нова година ги усвои измените на Законот за јавнообвинителска служба, со кој се регулираа вработувањата на стручната служба. Според овој закон, стручните соработници на Јанева ќе бидат ангажирани се додека постои новоформираната институција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com