Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица Јанева доби уште пет обвинители

Катица Јанева доби уште пет обвинители

Советот на јавни обвинители попладнево на седница прифати пет јавни обвинители кои ќе и бидат помошници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со кои составот на ова тело е проширен на вкупно дванаесет заедно со претходно избраните седум јавни обвинители.

Гаврил Бубески, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро од Основното јавното обвинителство-Скопје и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал се новите обвинители во специјалното обвинителство.

Одлуката ја соопшти претседателот на Советот на јавни обвнители Петар Аневски кој рече дека петтемина биле предложени од Катица Јанева која денеска напладне поднела предлог и повторно барање за докомплетирање на нејзиниот тим со избор на јавни обвинители, овојпат пет наместо првично бараните седум обвинители.

– Овојпат побара да бидат избрани пет јавни обвинители и со одредени дополнувања и појаснувања кои за Советот беа прифатливи и заради тоа одлучивме да ја прошириме систематизацијата за пет јавнообвинителски места, изјави Аневски по седницата.

Претходно Советот избра седум јавни обвинители за Специјалното обвинителство: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Аневски рече дека 12-те јавни обвинители утре треба да дадат свечена заклетва. Претходно, кога беаизгласани само седум обвинители, Катица Јанева ги повика да не даваат свечена заклетва додека не се комплетира тимот.