Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Катимерини“: Скопје го затвори првиот надворешен фронт

„Катимерини“: Скопје го затвори првиот надворешен фронт

Владата во Скопје ја објави содржината на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, што претствува прво затворање на надворешен фронт на новата Влада на Зоран Заев со една од двете соседни земји на Македонија кои се членки на Европската унија, пишува „Катимерини“.

Како што пренесува „Макфакс“, со нагласување дека во документот се употребува уставното име Република Македонија, „Катимерини“ потенцира дека Бугарија, „ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“. Ова пак, според весникот и одговара на Грција затоа што се однесува на одлуката од Букурешт, според која „решавањето на прашањето за името е основен предуслов за влез на ПЈРМ во Северноатлантската алијанса“.

„Катимерини“ ги пренесува и другите точки од Договорот и потсетува дека преговорите за името нема веднаш да продолжат, со констатација дека „2018 година ќе биде исклучително критична за прашањето за разликите околу името“.