Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица Јанева: Ќе има зголемен број распити во СЈО во периодот што следува

Катица Јанева: Ќе има зголемен број распити во СЈО во периодот што следува

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева денеска соопшти дека во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во Специјалното јавно обвинителство.

–Во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова Јавно Обвинителство. Согласно Законот за кривична постапка, лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат – рече Јанева.