HomeДЕНЕШНАПолитикаКатица Јанева категорична – Никогаш не сум била член на СДСМ

Катица Јанева категорична – Никогаш не сум била член на СДСМ

Katica-Janeva

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги негира тврдењата дека била член на опозициската СДСМ и токму поради тоа била блиска до нивните ставови, по што беше побарана и нејзина оставка.

„Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија“, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во соопштението на СЈО се апелира до медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста. „Воедно апелираме надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува“, соопшти СЈО.

Во изминатиов период неколку медиуми објавија факсимили од наводна членска книшка на СДСМ на име на Катица Јанева и уплатница за членарина за партијата на истото име. СДСМ претходно демантираше дека Јанева е член на партијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com