Friday, Apr 19, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтав (Page 2)

Во  сенка на Ковид-19 пандемијата, Македонија го слави Илинден, празникот и идеалот на многу  генерации. Токму на овој датум  2 август се втемелени жртвите на многу паднати борци за слободата на Македонија, и врежани мемориските кодови на генерации и генерации Македонци. Во последните 30 години повеќепартиска  демократија, во периодот во кој го живееме идеалот и мечтата: сопствена и независна држава, политичките елити, секоја година од  Мечкин Камен во Крушево, или од Пелинце упатуваат пораки со кои потсетуваат на саможртвата и на храброста на илинденците и на партизаните во Втората светска војна, но упатуваат и пораки за просперитет, благостостојба  и  иднина која ветува?

Што се промени, од секој Илинден до наредниот, во овие 30 години? Се променија доста работи, но како што глаголеа политичарите за подобра и посветла иднина, во практика се случуваше обратен процес. Македонија постојано осиромашуваше, или пак стагнираше во својот развој, па така ако по почетната нулта точка во 1991 година, беше пред многу земји од балканското опкружување, па и од земји од Варшавскиот пакт, денеска по сите економски параметри и критериуми кои го мерат стандардот и квалитетот на живеење, населението во Македонија, т.е нејзините граѓани се едни од најсиромашните во Европа, со највисока стапка на невработеност, и најголем степен на корупција. Резултатот од сето тоа: петстотини илјади ( 500.000) иселени, кои веќе не се фаќаат на мамецот на лагите од политичарите, и трајно се отселија од земјава, трагајќи подобар живот и посветла иднина.

Илинденска Македонија постана и Северна, како резултат на притисокот од меѓународниот фактор, се со цел државата да стане полноправна членка на НАТО алијансата, и да ги отпочне преговорите со Европската Унија, како услов без кој не се можеше. Македонскиот народ својата државност ја заокружи во виорот на 2 С. војна, кога се создадоа услови заедно со останатите јужнословенски народи да конституира заедничка федеративна република, во која за прв пат ги доби правата на себеидентификување и јазично и национално самоопреелување. Пред тоа, заветот на партизаните, го чуваа Илинденците од  1903, кои не успеаја во намерата да создадат автономна/ независна република. Не случајно и АСНОМ ( Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија) е камен-втемелено токму на 2 август за да се даде континуитет на децениските напори, борби и саможртви на Македонците. Во пресрет на  117-ет годишнината од Илинденското востание, и 76-ст годишнината од првото заседание на АСНОМ, Македонија во својот пат кон иднината се соочува и со проблем на негација токму на самиот Илинден.

Светскиот ден на животната средина е креиран од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година, на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува започнувајќи од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот. Поаѓајќи од значењето на

Read More

Во богатата 130 годишна историја на ВМРО може да се најдат низа на успони и падови, како и огромен број грешки и правилни одлуки. Од таа историја може да научиме две клучни лекции релевантни и за денешницата: i) Секогаш кога Организацијата била меѓу народот и се

Read More

Со години кај нас законот се применуваше селективно и по потреба или желба. Една мала група луѓе ја узурпираше државата, институциите, животот. Многумина се навикнаа дека законот за нив не важи ако се блиски со фамилијата и дека за стореното нема да одговараат и се

Read More

ДУИ и БЕСА два дена водат вербална војна која е изразена пред се на порталите на албански јазик во Македонија, а дел од овие натписи се „протнаа“ и на порталите на македонски. Сепак, сосема е јасно дека претставници на двете партии не можат да се

Read More

Глупаво и наивно е од Ѓорчев Влатко да правите херој зашто помагал на линчуваните пратеници. Тоа што на секунда му проработела совеста и разумот, не го мие од вината дека со години потпалувал националистичко лудило и омраза кон се што не е за Груевски и

Read More

Ова е животната улога по која ќе го паметам Владо остатокот од животот: командант без муда, застанат на чело на армија од кукавици! Некогаш големиот актер од МНТ одработува за бившиот статист од Драмски театар, ништожни страшливци и едниот и другиот, мажи без муда што

Read More

Што гледавме вчера во Собранието? Да не беше крваво ќе го наречевме циркус. Почнувајќи од изборот на спикер, што според сите страни (освен ДПМНЕ) е задоцнета реакција, па се до тепањето и крвта во Собранието. Пред се срамна е бројката на присутни полициски сили. Организираната група

Read More

Пред точно една година шефот на државата Горѓе Иванов, донесе одлука за аболиција на 56 лица. 12.04.2016 е датум кој ќе остане запаметен по будењето на свеста на критичкото граѓанство. На тој ден, околу 17 часот претседателот Иванов ги повика новинарите. До тој момент никој

Read More

Се чини македонското сценарио, со кое Вучиќ ги плашеше своите граѓани, почна да се случува. Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагујевац, Чачак, Лесковац, Зрењанин, Бор, Сомбор, Узице и Краљево вчера, втор ден по ред се одржаа масовни протести, на кои повеќето беа млади го изразија

Read More