Tuesday, Apr 23, 2024
HomeГОВОРНИЦА (Page 2)

Се чини дека во последно време теориите на заговор завладеаја со светот. Дали со ширењето на вирусот најпосле заврши ерата на разумот во чие време - во последните неколку стотина години - човештвото незабележливо напредуваше на сите фронтови? Мрачните околности на пандемијата, општата несигурност и

Read More

Ако пријател те удри во тилот толку застрашувачки да помислиш дека те ѕвекнал со кундак од пиштол тоа никако не заслужува кривична пријава во полиција која ќе резултира со притвор. Па и да го удрил со кундак, кои сме ние да му кажеме како да

Read More

Некаде околу 16:00 часот, вчера по двочасовната средба во клубот на пратениците, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, мандатарот  Зоран Заев, се појави пред новинарите и на прес конференција и се обрати на јавноста. Тој соопшти дека со ДУИ ја договориле (старо) новата влада, вклучувајќи

Read More

Поминаа  точно  три  години, откако, точно на националниот празник Илинден 2 август, премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу двете земји. Ист ваков беше потпишан пред точно две децении помеѓу тогашните премиери Љубчо Георгиевски

Read More

Во  сенка на Ковид-19 пандемијата, Македонија го слави Илинден, празникот и идеалот на многу  генерации. Токму на овој датум  2 август се втемелени жртвите на многу паднати борци за слободата на Македонија, и врежани мемориските кодови на генерации и генерации Македонци. Во последните 30 години повеќепартиска  демократија, во периодот во кој го живееме идеалот и мечтата: сопствена и независна држава, политичките елити, секоја година од  Мечкин Камен во Крушево, или од Пелинце упатуваат пораки со кои потсетуваат на саможртвата и на храброста на илинденците и на партизаните во Втората светска војна, но упатуваат и пораки за просперитет, благостостојба  и  иднина која ветува?

Што се промени, од секој Илинден до наредниот, во овие 30 години? Се променија доста работи, но како што глаголеа политичарите за подобра и посветла иднина, во практика се случуваше обратен процес. Македонија постојано осиромашуваше, или пак стагнираше во својот развој, па така ако по почетната нулта точка во 1991 година, беше пред многу земји од балканското опкружување, па и од земји од Варшавскиот пакт, денеска по сите економски параметри и критериуми кои го мерат стандардот и квалитетот на живеење, населението во Македонија, т.е нејзините граѓани се едни од најсиромашните во Европа, со највисока стапка на невработеност, и најголем степен на корупција. Резултатот од сето тоа: петстотини илјади ( 500.000) иселени, кои веќе не се фаќаат на мамецот на лагите од политичарите, и трајно се отселија од земјава, трагајќи подобар живот и посветла иднина.

Илинденска Македонија постана и Северна, како резултат на притисокот од меѓународниот фактор, се со цел државата да стане полноправна членка на НАТО алијансата, и да ги отпочне преговорите со Европската Унија, како услов без кој не се можеше. Македонскиот народ својата државност ја заокружи во виорот на 2 С. војна, кога се создадоа услови заедно со останатите јужнословенски народи да конституира заедничка федеративна република, во која за прв пат ги доби правата на себеидентификување и јазично и национално самоопреелување. Пред тоа, заветот на партизаните, го чуваа Илинденците од  1903, кои не успеаја во намерата да создадат автономна/ независна република. Не случајно и АСНОМ ( Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија) е камен-втемелено токму на 2 август за да се даде континуитет на децениските напори, борби и саможртви на Македонците. Во пресрет на  117-ет годишнината од Илинденското востание, и 76-ст годишнината од првото заседание на АСНОМ, Македонија во својот пат кон иднината се соочува и со проблем на негација токму на самиот Илинден.

Светскиот ден на животната средина е креиран од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година, на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува започнувајќи од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот. Поаѓајќи од значењето на

Read More

Во богатата 130 годишна историја на ВМРО може да се најдат низа на успони и падови, како и огромен број грешки и правилни одлуки. Од таа историја може да научиме две клучни лекции релевантни и за денешницата: i) Секогаш кога Организацијата била меѓу народот и се

Read More

Многумина од нас размислуваат колку би било убаво да живеат некаде другде. Впрочем една од најпознатите желби на младите е да се иселат од државава. Некои попознати и поголеми експерти дадоа многу јасни одговори зошто е тоа така, сигурно се сеќавате, нема потреба да Ве

Read More

Со години кај нас законот се применуваше селективно и по потреба или желба. Една мала група луѓе ја узурпираше државата, институциите, животот. Многумина се навикнаа дека законот за нив не важи ако се блиски со фамилијата и дека за стореното нема да одговараат и се

Read More

ДУИ и БЕСА два дена водат вербална војна која е изразена пред се на порталите на албански јазик во Македонија, а дел од овие натписи се „протнаа“ и на порталите на македонски. Сепак, сосема е јасно дека претставници на двете партии не можат да се

Read More