Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКасиљас се сели во Франција!?

Касиљас се сели во Франција!?

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, на лето го напушта Порто и се сели во Франција, објави португалскиот спортски весник „А Бола“. 35-годишниот голман ќе го заврши својот престој во Португалија и ќе потпише двегодишен договор со поранешниот европски првак, Олимпик Марсеј.

Спортскиот директор на овој клуб, Андони Зубизарета, веќе имал состанок со Касилјас, и успеал да го убеди дека проектот на Олимпик Марсеј е стабилен, откако сопствеништвото го преземаа американски бизнисмени. Целта на Олимпик Марсеј е да биде конкурентен во Франција со ПСЖ и со Монако.