Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКашикара пронајдена на тетовска депонија

Кашикара пронајдена на тетовска депонија

Рачна бомба „кашикара“ од српско производство е пронајдена завчера околу пладне на „дивата“ депонија во близина на „Жито Полог“ во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека бомбата била ставена во пластична кутија, а ја пријавил Р.К. (42) од Тетово кој веднаш се јавил во Полициската станица – Тетово.

-Извршен е увид со учество на екипа од СВР Тетово и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување. Експлозивното средство е фотографирано, подигнато и безбедно транспортирано. Се расветлува кој и зошто ја оставил бомбата, рече Јосифовски.

Во април годинава на истата депонија биле пронајдени бомби и муниција. И тогаш бомбите биле пронаjдени од
лице што пребарувало на депонијата.

фото:Телеграф