Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКарпошово културно лето започна со најмоќниот вокал – вечерва ќе гледаме краткометражни филмови

Карпошово културно лето започна со најмоќниот вокал – вечерва ќе гледаме краткометражни филмови

Калиопи вчера го отвори Културно лето Карпош со своите најголеми хитови. Плоштадот „Делфина“ во Влае беше полн со љубителите на добра музика. Во фантастичната изведба на еден од водечките македонски музички брендови, Калиопи ја разнежи публиката со своите романтични сеќавања за големата љубов што се родила меѓу неа и нејзиниот Ромео токму тука.

Вечерва е посветена на краткометражниот филм. На платото кај ТЦ Карпош 3 – Лептокарија (кај кафулето „Флуид“), ќе бидат прикажани четири краткометражни филмови во траење од 8 до 25 минути, филмски хитови наградувани на светските фестивали. Проекциите започнуваат од 20.30 часот.

фото:Макфакс