Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКарпошани повторно протестираа против урбанистичките планови

Карпошани повторно протестираа против урбанистичките планови

Жителите на општина Карпош денеска повторно излегоа на протест против деталниот урбанитички план за кој велат дека е донесен сомнително и нетранспарентно. Тие во 12 часот го блокираа сообраќајот на булеварот Партизански одреди, на крстосницата кај трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Претходно, тие испратија и писмо до локалните власти во кое наведуваат дека Општина Карпош во ДУПот за Карпош 3 предвидува уште еден голем трговски центар, висок 30,6м на просторот спроти Сити мол каде сега има парк со возрасни дрвја и тениското игралиште. Незадоволните граѓани и минатата сабота го блокираа булеварот и најавуваат дека ќе протестираат сè додека не се изменат урбанистичките планови и не се спречи уништувањето на зеленилото во нивната населба.