HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКарпош Соколи Загубија од Партизан

Карпош Соколи Загубија од Партизан

И вториот преставник од Македонија во АБА лига не успеа да стигне до првата победа и го забележа четвртиот пораз на четвртиот натпревар. Карпош Соколи денеска добро му се спротивстави на Партизан но немаше сили за сензација и загуби со 77-84 (20:22. 21:20, 20:20, 16:22).

Избраниците на Синиша Матиќ одлично парираа во три четвртини, а имаа и предност од 70-69 на пет минути до крајот. Но гостите преку Ратковица и Маринковиќ погодија две тројки во низа, а потоа за два поени погоди и Хачер, па Партизан поведе со 70-77 и ги урнаа сите надежи на Карпош Соколи за победа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com