HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКарпош Соколи ја забележаа првата победа во АБА лигата!

Карпош Соколи ја забележаа првата победа во АБА лигата!

richards-615x400

Македонскиот претставник во АБА-лигата, Карпош Соколи дојде до првата победа во регионалното натпреварување. Првото славје „соколите“ го имаа против црногорски Будуќност, против кого славеа со 77-71 (43-33) и по девет кола успеаја да се одлепат од дното на табелата.

Клуч за победата во „ВИП-арената“ при СЦ „Борис Трајковски“ беше одличната игра во вториот период, кој домаќинот го доби со 25-8 и ги надополни поените од лошиот старт. Лидери беа корпулентните Лабовиќ и Зековиќ, кои поентираа кога беше најпотребно, а тука беше и одличната игра на капитенот Пенов, со чие влегување далеку се подобри играта на тимот на Николиќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com