Tuesday, Mar 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКаролина Гочева ја израдува јавноста со веридбата, честитки од сите страни

Каролина Гочева ја израдува јавноста со веридбата, честитки од сите страни

Многумина ја сакаа, но само еден успеа да и го украде срцето. Откако Каролина Гочева и официјално објави дека ќе се мажи со своето момче, Михаил Корубин, социјалните мрежи се преплавени со честитки поради убавата вест.

Една меѓу првите кои јавно и ја честитаа свршувачката на Каролина, беше актерката и водителка, Весна Петрушевска, која на својот ФБ профил ја сподели својата честитка.

– На среќата и нема крај. Ќерка да сте вечни, насмеани,бескрајни насмевки . Ти ја заслужуваш најголемата среќа на овој свет, една од неколкуте светли и убави ликови во мојот живот. Среќна што те имам, топлина во душата едвај чекам да наздравиме заедно, љубов моја најмила, напиша Петрушевска.

Каролина и Михаил се во врска речиси две години, а предлогот за брак падна во Париз, каде што во моментот се на патување.

Извор: tocka.com.mk