Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКарлос Бака: трансферот во Милан скоро завршен

Карлос Бака: трансферот во Милан скоро завршен

Италијанскиот гигант Милан е фаворит за потписот на напаѓачот на Севиља Карлос Бака. По неуспехот кој го доживеа Галијани, во обидите да го доведе во своите редови Џексон Мартинез, сега тој е максимално мотивиран да го поправи својот и угледот на Милан со потпишување со еден од најдобрите напаѓачи во Европа. За да го обезбеди потписот на колумбиецот, Милан ќе мора да издвои околу 30 милиони евра од својот буџет. Бака неодамна изјави дека постигнал договор за своите лични услови, меѓутоа сеуште не е потпишан договор. За напаѓачкиот калибар на Бака говори фактот дека на 106 натпревари успеа да постигне 49 погодоци.

карлос бака

Имајќи во предвид дека италијанците неодамна добија нов сопственик со свеж капитал, прашање на време е кога Милан ќе заблеска во препознатливиот сјај.