Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКаква судбина го чека хипермаркетот „Карфур“?

Каква судбина го чека хипермаркетот „Карфур“?

Некогаш преполните рафтови, сега се празни. Редиците на касите се минато, сега има само еден до двајца касиери кои треба да ги наплатат производите. Производи што за да ги купи прво треба да ги пронајде купувачот, а за избор веќе не станува збор. karfur 1Некогаш преполните полици со производи во овој маркет сега се ендемски вид, исто како и зеленчукот, овошјето, месарата, готовата храна, млечните производи, па дури и водата.kerfur 1 Ваква е атмосферата во супермаректот „Карфур“ во „Сити мол“ со месеци. Бројот на вработени е сведен на минимум, а соработката со супермаркетот ја прекинале и скоро сите добавувачи. Некои од добавувачите на производи биле приморани и на тужби, бидејќи наишле на проблем во наплатата на испорачаната стока.12483655_972066659543960_1255439552_n Ваквата слика во хипермаркетот со право ги „подгрева“ шпекулациите помеѓу граѓаните, за кои е очиглено дека „Карфур“ пропаѓа.

„Финансиска криза, но ќе ја надминеме. Не планираме да затвораме“.

Вака звучи кусиот одговор од менаџментот на маркетот упатен до вработените кои се интересирале за својата иднина. Вработените, се жалат, не добиле ни К-15, а последната плата била за ноември. Но, и покрај ваквата „перспектива“, платите не им биле намалени.

„Навидум функционираме како и претходно, а, всушност, нема работа. Првата криза со која се соочивме, некаде во септември, беше причина за 10-15 колеги да дадат отказ. Оттогаш наваму нема значително намалување на бројот на вработени, ниту, пак, нивните места се пополнија“, раскажува еден вработен, кој сакаше да остане анонимен.

kerfur 3Управата на маркетот, објаснува нашиот соговорник, ги уверувала дека маркетот нема да биде затворен. Се работело за актуелната криза наскоро да биде надмината.

„Дали ќе не’ преземе друг синџир маркети или ќе се случи нешто друго, не знаеме“, вели вработен за Позитив.

Што ќе се случува со овој некогаш популарен маркет сеуште е предмет на шпекулации, кои се побројни на дневна основа. Се зборува дека „Карфур“ ќе биде преземен од друга грчка компанија која се занимава со трговија, друг „муабет“ е дека на местото на Хипермаркетот свој маркет ќе отвори домашен инвеститор, а трети начуле дека наводно „Карфур“ ќе биде затворен, а просторот ќе се даде на издавање…karfur 2

„Село гори, а Баба се чешла“ и покрај ваквата состојба се` уште нема официјален став од „Карфур“. Изостана одговор зошто полиците во маркетот се празни, точно ли е дека супермаркетот повеќе нема да работи, што, всушност се случува, иако менаџментот уредно ги добија прашањата одговор најавија за следната недела.

karfur 1

Инаку, хипермаркетот „Карфур“ се простира на површина од 4.650 квадратни метри и е еден од најголемите во земјата. Почна со работа пред три години кога и се отвори трговскиот центар „Сити мол“. Тој беше еден од најпосетуваните маркети. Рафтовите беа преполни со најразлична стока од домашни и странски брендови, нудеше пристапни цени, имаше секојдневни акции и попусти.skopje city mall„Карфур“ е француски синџир на маркети, а сопственик на маркетот во Скопје е грчката компанија „Маринопулос“, која ги купи маркетите „Карфур“ во Грција, откако француската фирма реши да го повлече својот бизнис од јужниот сосед.


Н.С
Сликите ни ги испрати вработен во „Карфур“