Thursday, Apr 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКараванот на ,,Festival on wheels 2015" вечерва се поставува во Стар Дојран

Караванот на ,,Festival on wheels 2015" вечерва се поставува во Стар Дојран

Патувачкиот фестивал „Festival on wheels 2015” викендов пристигнува во Дојран.

Второто издание на овој фестивал им приредува вистинско уживање на најмладите. Станува збор за избор на анимирани филмови од најновата европска продукција чии проекции ќе бидат прикажани на отворено небо на големо монтажно платно кое ќе биде поставено на Градската плажа во Стар Дојран

Вечерва ќе бидат прикажани анимираните филмови „King Rusty“ и „Амазонија“, а утре анимациите „Worldturner circus-incredibile space journey“ и „Why I did (not) Eat My Father“.

Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на РМ, а во соработка со општина Дојран.

И оваа година фестивалот ќе има свои изданија во Струга, Дојран, Штип, Куманово и Прилеп. Во секој град ќе се одржуваат тематски проекции на филмови од различни европски филмски центри, со тематски филмски работилници водени од еминентни филмски работници, како и неделно детско матине со проекција на анимирани филмови.