Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКараѓозови ја донираа семејната куќа на Штипскиот универзитет

Караѓозови ја донираа семејната куќа на Штипскиот универзитет

Познатото штипско семејство Караѓозови, наследници на доајенот на македонската хирургија Панче Караѓозов, семејната куќа во Ново Село денеска ја даруваа на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. По реновирањето, универзитетот таму ќе го смести Факултетот по историја и археологија.

– Прво треба да направиме проектна документација, да добиеме соодветни дозволи, бидејќи Ново Село е под заштита на спомениците на културата. Се надеваме дека со одредени градежни работи ќе почнеме на почетокот на наредната година, изјави рекоторот Блажо Боев.

Куќата е градена во 19 век и е во прилично лоша состојба. Во неа се родил основоположникот на македонската современа хирургија, д-р Панче Караѓозов. Последните години е напуштена, откако еден период биле сместувани семјeства кои немале покрив над глава.

Наследниците на познатиот хирург, Катерина и Александар Караѓозови, истакнаа дека куќата ќе остане во спомен и ќе биде реконструирана, зашто градот Штип даде голем број лекари и медицински сестри.

– Градот Штип по Панче Караѓозов именуваше медицински центар, улица, населба, а и Скопје, исто така, училиште. Цениме дека овој објект ќе биде една целина и ќе стане туристичка атракција во Ново село кое, иако толку мало, има богата историја и даде видни, еминетни личности, нагласи Караѓозов.

Извор: Нетпрес