Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКапитол обоен во сино за петте убиени полицајци

Капитол обоен во сино за петте убиени полицајци

Претседателот Обама нареди знамињата во престолнината Вашингтон да се вејат на половина копје, додека пак Капитол хил каде е седиштето на Конгресот ќе свети во сино во чест на петте убиени полицајци во Далас од страна на снајперистот Мика Џонсон.

Dalas-Dzonson

Слично одбележување ќе има и во повеќе сојузни држави чии владини институции исто така ќе бидат обоени во сино во знак на жалост за еден од најкрвавите напади врз полицијата по терористичките напади на Кулите близначки. Во САД е прогласена петдневна жалост за државните институции.