Thursday, May 25, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмКапетан Кирк и Спок ќе ги гледаме и во Star Trek 4

Капетан Кирк и Спок ќе ги гледаме и во Star Trek 4

Star-Trek-4-Kirk-and-Spock

Крис Пајн и Закари Квинто главните ѕвезди на филмската франшиза Star Trek потпишаа нов договор со кој се обврзаа да ги повторат улогите на легендарните ликови Капетан Кирк и Спок и во четвртото продолжение. Капетан Кирк и Спок играни од Пајн и Квинто станаа омилени кај фановите кои се задоволни од оживувањето на Star Trek на големото платно.

star_trek_into_darkness_cast

Овој договор значи дека ќе добиеме една цела филмска Star Trek сага која ќе трае десетина година и ќе имаме доволно време да видиме каде ќе биде однесено дејството, дали ќе бидат вклучени Клингонците, Боргите и останатите иконски негативци. Премиерата на Star Trek со оваа актерска екипа е закажана за 8 јули 2016-та, а се претпоставува дека главниот негативец ќе биде глумен од Идрис Елба.