Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураКапетан Америка повеќе не е нацист

Капетан Америка повеќе не е нацист

Марвел Комикс по само еден број на новиот стрип за Капетан Америка потклекна под притисокот на јавноста и веднаш ја смени приказната за омилениот лик кој го направи агент на Хидра, односно поддржувач на нацизмот. Острите критики дојдоа бидејќи Капетан Америка е стрип херој создаден од еврејски автори како симбол на борбата против нацизмот во Втората светска војна и ваквиот експеримент скапо ќе ги чини, не толку од самата продажба бидејќи се крена огромна фама, туку поради разочарувањето на фановите.