Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКапачите во предност, ограничување за скутери и чамци

Капачите во предност, ограничување за скутери и чамци

Од утре на сила ќе стапат ограничувањата за водени скутери и чамци со цел да се задржи безбедноста на капачите како и квалитетот на водата во текот на летната туристичка сезона. Оваа одлука особено е пожелна за природните езера во Македонија која секоја година привлекуваат голем број на туристи, но контролите врз „скутерџиите“ се мали и често може да видиме како своите егзибиции ги вршат блиску до брегот и до самите плажи.

Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.