HomeДЕНЕШНАПолитикаКанческа-Милевска: СЈО дејствува политички за СДСМ до изборите

Канческа-Милевска: СЈО дејствува политички за СДСМ до изборите

kanceska-sud

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по завршувањето на распитот во Основниот суд каде е дојде како осомничена за случајот „Тендер“ даде само кратка изјава за медиумите во која целосно му ја префрла вината на СЈО за политичко делување, а не според закон.

„Сакам да истакнам дека ова е чисто политички театар кој што е организиран од страна на СДСМ, каде што СЈО се вклучува во ова политичко дејствување се со цел да даде силна поддршка на опозицијата во наредниот период до изборите“ изјави Канческа-Милевска.

Министерката не даде повеќе детали од распитот за тоа дали и биле претставени нови докази и дали е донесена одлука за барањето да и биде одземен пасошот, туку само посочи дека останува на ставовите кои претходно ги искажала за законитоста на нејзиното работење. Канческа-Милевска е осомничена дека овозможила оштетување на државниот буџет со тоа што една градежна фирма го добила тендерот за доизградба на Музејот на македонска борба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com