HomeДЕНЕШНАПолитикаКанческа- Милевска најавува изборна победа на ВМРО- ДПМНЕ, молчи за „Тендери“

Канческа- Милевска најавува изборна победа на ВМРО- ДПМНЕ, молчи за „Тендери“

kanceska-milevska-2-640x360

Конечно заврши кризата во нашата држава, деструктивната политика на дејствување на СДСМ кој во изминатиов период нанесе огромна штета на нашите граѓани и на нашата држава- изјави министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска при посетата на населбата Крњево.

„Во овој изминати период, јас сум убедена дека граѓаните имаа можност да направат една разлика меѓу деструктивно однесување на СДСМ кој посегна по најисконското и највредното во нашата држава, тоа се историските вредности, културните вредности, интегритетот на Република Македонија“ – изјави Канческа- Милевска.

Таа е првоосомничена во предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Веднаш по објавувањето на овој случај, Канческа- Милевска излезе на едночасовна прес- конференција, на која ги отфрли сите обвинувања од страна на СЈО.

СЈО, побара судија на претходна постапка да и го одземе пасошот и да и изрече обврска за јавување во судот еднаш неделно. Во изминативе два дена, Канческа- Милевска стана поприсутна на терен, даваше изјави за медиумите, меѓутоа не ја коментираше истрагата на СЈО, ниту дали и кога ќе се појави на распит пред судот. Позитив.мк неколкупати се обиде да ја контактира неа и нејзиното министерство, но досега не добивме одговор. Нејзиниот адвокат ни соопшти дека не е во позиција да разговара со медиуми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com