HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКание Вест сместен во болница во Лос Анџелес

Кание Вест сместен во болница во Лос Анџелес

kanje-vest-t

Американскиот рапер Кание Вест бил сместен во болница откако одеднаш на прекинал американската турнеја на која требало да одржи уште 21 концерт, пренесуваат американските медиуми. Како што пренесуваат тамошните медиуми и претставниците на музичарот, вчера Кание Вест бил сместен во болница во Лос Анџелес поради стрес и исцрпеност и таму ќе ја помине ноќта поради сопствена сигурност.

Претставник на полицијата во Лос Анџелес, не наведувајќи дека се работи за Кание Вест, изјави дека вчера биле повикани на адреса во западен Холивуд, но ког пристигнале таму сфатиле дека не се одвиваат никакви криминални дејствија и дека станува збор за „медицински случај“. Пациентот со колата на брзата помош бил префрлен во болница во одделението на психијатрија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com