Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКание Вест постигна договор со унгарскиот уметник кој го обвини за плагијат

Кание Вест постигна договор со унгарскиот уметник кој го обвини за плагијат

Раперот Кание Вест постигна договор со унгарскиот рок пејач кој ја обвини американската хип-хоп ѕвезда за кражба на една од неговите најпознати песни. Унгарецот „Габор Пресер“ тврди дека една третина, односно 85 секунди од песната на Кание Вест New Slaves се украдени од неговата песна од 1969 година „Gyongyhaju Lany“.

„Драго ми е што се е готово“, изјави Пресер за медиумите, а деталите околу договорот не беа наведени. Пресер барал минимум 2,5 милиони евра за повреда на авторски права, карактеризирајќи ја оваа песна како една од неговите омилени поп песни ширум Унгарија и Источна Европа.