HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКание Вест на еден музички фестивал и приреди вистинско изненадување на обожавателите!

Кание Вест на еден музички фестивал и приреди вистинско изненадување на обожавателите!

Американскиот рапер Кание Вест непланирано се појавил на музичкиот фестивал „Magnificent Coloring Day“ во американската држава Илиноис за време на настапот на Ченс Д, кога за големо воодушевување на публиката на сцената се појавил и Кание Вест. На фестивалот кој се одржува на стадион во Чикаго настапиле уште и Алиша Киз, Џон Леџенд, Јанг Таг, Скрилекс, Лил Вејн и уште многу други.

Но сепак Кание, кој инаку е роден во Чикаго, беше тој на кој публиката најмногу му се израдува на неговото изненадно појавување, кога ги изведе песните „Black Skinhead“, „Can’t Tell Me Nothing“, „Touch The Sky“, „Gold Digger“ и „Father Stretch My Hands Pt. 1“ и „Pt. 2“.

kanje-i-cens-f2

23-Годишниот Ченс заедно со Вест ја извел песната која заедно ја снимиле за албумот на Кание „The Life Of Pablo“, нумерата „Ultralight Beam“.
alisa-kiz

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com