HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКание Вест: Доколку излезев на гласање, својот глас ќе му го дадев на Трамп

Кание Вест: Доколку излезев на гласање, својот глас ќе му го дадев на Трамп

kanje-vest

Раперот Кание Вест изјави дека не излегол на гласање на американските претседателски избори и додаде дека во случај да излегол да гласа, во тој случај својот глас би му го дал на сега веќе победникот на изборите, новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп. На аматерска снимка на еден негов синоќашен концерт во калифорнискиот град Сан Хозе може да се слушне незадоволството на публиката, токму поради оваа негова изјава.

„Понекогаш можеби не треба да го добиете она што го сакате за во иднина да сватите што всушност треба да направите за да го добиете она што вистински го сакате“, изјави Кание Вест, кој од порано најави дека има желбада се кандидира за претседател во 2020 година. Вест и од порано изнесуваше свои политички ставови, како на пример во 2005 година кога го критикуваше тогашниот претседател Џорџ Буш помладиот, наведувајќи дека „тој не се грижи за црната раса“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com